ВО ЖИВО : И ВЕЧЕРВА ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА, ДЕМОНСТРАНТИТЕ СО ПЕТАРДИ ГИ ГАЃААТ ПОЛИЦАЈЦИТЕ

0
560

За првпат во дождливи услови, вечерва продолжи протестот против францускиот предлог кој веќе неколку дена се одржува пред Владата. Уште на почетокот од протестот, се случи мал инцидент.

Собраните граѓани им дофрлуваа на полицајците кои се пред Владата во кордон, за тоа „кого штитат“ и зошто не им се придружуваат од другата страна, а потоа фрлија и неколку петарди кон нив, јавува ТВ21.

На протестот, организиран од опозицијата, граѓаните бараат да не се потпише францускиот предлог, затоа што, како што велат, тој е штетен за националните интереси, а се бараат и оставки од властите и предвремени парламентарни избори.