Среќа шо *нашиов* оФчар го нема читано Орвел

0
1038

Размислував………. ја види мајката…….. од кај таа привилегија. Види сега, се чувствувам како да живеам во времето на Сталин. Среќа шо *нашиов* оФчар го нема читано, гарант, Орвел и неговата 1984, инаку маме ќе ни дорасплачеше. Додуша не е далеку. Кој ми го дал правото пак јас да размислувам?! Што се замислувам јас?! А бе иди бегај , ќе размислуваш. Марш од тука.

Marin-blackwhite-kolumni

Нејсе како и да е ја утнав работата и……… ете размислував.

Впрочем тоа и гласно го размислував и на Ноќната во средата. А повод ми беа корпите кои им беа ставени на кучињата. Јбг-а , закон си е закон. А кое е оправданието за еден таков закон. Демек кучињата многу лаеле и касале. Види мајката! Лаеле и касале! А куче што лае нели не каса?! А знаете ли зошто е така? Па затоа што нема време да касне од лаење.

Дали знаете кој е поинтелегентен? Двоножното суштество наречено човек или четвороножното суштество наречено куче? Мојот заклучок е кучето. Зошто? Па затоа што ние двоножните нивниот јазик не го разбираме, а тие се што ќе кажеме го разбираат. Имаат само една мана , зависни се од нас двоножните, нема куповна моќ. Па што и многу од нас двоножните немаат куповна моќ.

Е сеееега, викаат им се ставаат корпи затоа што постоела опасност да ве каснат. Факт може да ве каснат, ама со една забелешка, четворо ножното никогаш не каснува без причина. Ние двоножните често не разликуваме лош од добар човек, а тие збеснуваат кога покрај нив ќе помине некој негативец.

И на крајот од краиштата и да ве касне куче, да ќе ве боли, ама за три-четири дена ќе ви помине. И ај сега сетете се колку боли и дали поминува кога двоножно со зборови ќе ве касне!

Еј, колку двоножни познавам што најбезобразно лаат и касаат, ама за нив нема закон за корпи.

На четвороножните им се става вакцина за беснило! А добро тогаш свесни ли сме колку двоножни шетаат меѓу нас, касаат и го шират беснилото. Да, да беснило, ама и со смртоносни последици. Морам да признаам и жал ми е дека Луј Пастер не измислил вакцина за беснило кај двоножните.

Е море Луј , Луј кај ти бело думалото и не ти текнало дека има едно племе во една Недојдија која страда од беснило.
Леееееееелееееее збеснав!!!

Марин Бабиќ