СДСМ: Јазиците во Македонија ќе се употребуваат според Уставот

0
877

ВМРО-ДПМНЕ со години се пазарат со Ахмети и ДУИ во тендер-коалицијата и предизвикуваат меѓуетнички инциденти, мора да се навикнат дека за нивните провокации нема повеќе место во единствена граѓанска Македонија, реагира СДСМ во врска со расправата за двојазичност во Македонија.

„Прашањето за употребата на јазиците е дефинирано со Уставот и законите на Република Македонија! Времето на поделбите на Груевски и неговата власт, а и на криминалите, завршува. СДСМ гради едно општество за сите граѓани, со еднакви права и обврски пред Уставот и законите. Во единствена, праведна, правична Република Македонија по декември, секој што крадел, лажел, корумпирал, им нанесувал зло на граѓаните, правел криминал, ќе одговара“, соопшти СДСМ.