ОД БЕЛАТА КУЌА ВО САД НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ИЗРАЕЛ СТОИ ЗАД НАПАДОТ ВО ГАЗА

0
363

Портпаролката на Белата куќа Адриен Вотсон во објава на Х рече дека САД не веруваат оти Израел е одговорен за вчерашната експлозија во болницата во Газа.

Таа додаде дека САД продолжуваат да собираат информации за експлозијата.

– Додека продолжуваме да собираме информации, нашата сегашна проценка, базирана на анализа на воздушни снимки, пресретнувања и информации од отворени извори, е дека Израел не е одговорен за вчерашната експлозија во болница во Газа, рече таа.