САД СТАВИЈА ВЕТО НА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОН ЗА ПРЕКИН НА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС

0
326

Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара прекин на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас за да се дозволи доставување хуманитарна помош во Појасот Газа.

За предлог-резолуцијата на Бразил гласаа 12 членки, додека Русија и Велика Британија беа воздржани.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на итен прекин на огнот за ослободување на заложниците и испорака на хуманитарна помош во Газа.

Нацртот го прозиваше Израел, без да го спомене конкретно, да ги повлече повиците до цивилите и персоналот на ОН да се повлечат на југот на палестинската енклава и ги осудува „терористичките напади на Хамас“.

Резолуцијата исто така го осудува секое насилство и непријателство кон цивили и сите терористички недела и повика на итно и безусловно ослободување на сите заложници.

Израел минатата недела повика 1,1 милион жители на Газа, или речиси половина од населението, да се повлечат на југ додека се подготвува за копнена офанзива како одговор на најлошиот напад на Хамас врз цивилите во 75-годишната историја на Израел.