ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПРИМИ ЛОРАНС БУН, ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА ЗА ЕВРОПА НА ФРАНЦУСКАТА РЕПУБЛИКА

0
435

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими државната секретарка за Европа на Француската Република, Лоранс Бун.

На средбата беа истакнати пријателството и напредокот на односите меѓу двете држави и вложените француски напори за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

 

Претседателот Пендаровски, изразувајќи подготвеност за натамошно продолжување на интензивниот политички дијалог на високо ниво, се заблагодари за поддршката од Франција во поглед на нашите европски интеграции, како и фокусот на билатералната соработка, при што беше поздравено неодамнешното потпишување на договорот за зајакнување на соработката во одбраната.

Соговорниците разговараа за преговорите за членство во ЕУ, тековниот скрининг процес, како и следните фази кои треба да се комплетираат како дел од процесот за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.