ОВАА ЖЕНА ЌЕ БИДЕ НАЈЛОШ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА ГРАДОТ – ДАНЕЛА ВОВЕДЕ НОВ ИЗУМ – БЕСПЛАТНО НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ КОЕ Е НЕВИДЛИВО!

0
1731

Со наближување на прославата на најлудата ноќ во годината, повеќето градови во светот веќе го завршија новогодишното украсување со цел да се долови празничната атмосфера, но тоа не е така во нашиот главен град.

„Мрачно“, „Тмурно“, „Катастрофално“, „Како да не е Нова година“, „Можеби бесплатното украсување е невидливо“, вака граѓаните на социјалните мрежи реагираат на моменталната слика во Скопје. Затоа рестораните и кафулињата покрај шетачката улица на Кејот 13 Ноември и на улицата Македонија веќе се накитени со новогодишни украси и светилки и ја поседуваат препознатливата предновогодишна еуфорија. Исто така, украсени се и моловите низ градот. Претходно градоначалничката Данела Арсовска најави бесплатно разубавување на градот, но засега нема ништо од тоа.

Арсовска на првиот брифинг и засега единствениот со новинарите, на три дена по стапувањето на функцијата рече дека е неприфатливо да се дадат околу 240.000 евра за новогодишно украсување на градот, а притоа да се најавува дека ќе има можни рестрикции на струјата и со тоа да нема светло на улиците.

– Неприфатливо Градот е секоја година да плаќа 240.000 евра за новогодишно украсување. Сметам дека тоа може да се постигне со помалку пари, како што претходно чинело и по 80.000 евра, а може и за многу помалку. Кој вели дека градот ќе биде тажен затоа што нема да има такво новогодишно украсување? Мислам дека нема потреба да се дадат толку пари, затоа што како ќе светат светилките кога ќе нема струја? Јас се надевам дека фирмата со која е склучен договорот ќе биде општествено одговорна и ќе има разбирање да се раскине договорот – објасни Арсовска.

Арсовска прво се пофали дека успеала да го раскине првичниот договор со компанијата „Линк медиа плус“ во вредност од околу 240.000 евра, потоа градоначалничката повторно се пофали дека истата фирма ќе го украсува Скопје, но овој пат без пари. Првично според информациите кои беа споделени во јавноста, новогодишното украсување на главниот град требаше да започне на 10 декември, но во моментов единствено што светка се уличните светилки.

– Ова е време кога треба да се менуваат работите, кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк медиа“.

Сепак, и покрај сите најави, доколку прошетате низ плоштадот „Македонија“, улиците во централното градско подрачје ќе забележите дека нема никакво разубавување на Скопје, нешто по што е препознатлив Градот во овој период од годината, нешто на коешто се радуваат најмладите, но и повозрасните.