ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ СПАСОВСКИ ОД УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ

0
470

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 119-та седница, на која меѓу другото беа донесени и кадровски одлуки.Па една од тие одлуки е Марјан Спасовски да биде разрешен од должноста директор на Управа за извршување на санкциите.Премиерот Димитар Ковачевски уште вчера најави промена на споменатата кадровска позиција, додавајќи дека не е задоволен од работата на Спасовски. Засега, се уште не е познато кој ќе биде назначен на негово место.