ФАНТАСТИЧЕН ГЕСТ НА ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ФИРМИ ВО ДРЖАВАТА : ТЕЦ „Неготино“ на своите вработени им обезбедува бесплатен превоз за Парадата на гордоста во Скопје

0
1356

Уште во мај раководството на ТЕЦ „Неготино” ги почна подготовките за учество на нивните вработени на најавената Парада на гордоста во Скопје на 29 јуни. Раководството на оваа компанија во државна сопственост деновиве ги извести своите вработени дека ќе обезбеди организиран автобуски превоз за парадата.

работените заинтересирани за настанот треба да се пријават најдоцна до 27 јуни, се вели во известувањето во кое се додава дека ТЕЦ „Неготино“ со „големо задоволство ги поддржува настаните од ваков карактер…“ кои се веќе „поддржани и истите се одржуваат насекаде во Европа“. Потписник на ова известување е претседателот на Управниот одбор, инженерот Небојша Стојановски.

Сопственик на ТЕЦ „Неготино“ е државната компанија ЕЛЕМ.