Предвидуваме изградба на две нови градинки, во Мичурин и Ново Лисиче, како и реконструкција на градинката „Пчелка“.
Ја барам вашата поддршка и за изведба на младински центар, доградба на ООУ „Блаже Конески“ и два затворени базени.
🌿 Претстои целосна реорганизација и на комуналните служби, нови маалски паркови, детски и спортски игралишта во сите населби.
👉 Утринава ги презентирав главните проекти од програмата, која заедно ја креиравме. Се обединуваме околу концептот за #НашеМаало, за повеќе зеленило, хуманизиран јавен простор и општина која е дом за сите генерации.
#НајдобротоЗаАеродром
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Аеродром, Александар Филиповски – Цанде.