(ВИДЕО) Ременски: Ланското грозје уште не е платено

0
952

Годинашнава реколта која се проценува на 120 милиони килограми грозје е голема во однос на она што е можност за откуп којшто се проценува дека може да се движи од 30 до 40 милиони килограми грозје и со тоа се наметнува прашањето дали државата, односно владата ќе дозволи 80 милиони килограми грозје, труд и пот на граѓаните да остане неоткупен и да заврши на буниште и тоа е недозволиво.

Недозволиво е исто така на граѓаните да не им биде платено грозјето од ланското предавање, бидејќи сеуште ги чекаат средствата. Недозволиво е исто така да не знаат на кого ќе го предадат грозјето и сите овие грижи на граѓаните бараат посериозен пристап од сите чинители во државата, особено на Владата во делот на афирмативните мерки за подобрување на пласманот и за покачување на откупната цена на грозјето, што е реално и е барање на лозарите. Како што сум информирана, откупната цена е иста како ланската 13 денари за картошијата и за смедеревката 11 денари и се добива впечаток дека сите фалби на Груевски и Владата во однос на субвенционирањето и на земјоделието и на лозарството се само празни зборови во очи на овие реални проблеми со кои се соочуваат граѓаните и бараат неминовно решавање, рече потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски во Кавадарци.

Субвенции уште во март и… Но, затоа сме тука да ги увериме граѓаните дека нивните стравови ќе завршат и ќе почнеме да ги решаваме егзистенцијалните проблеми коишто се многу на број, но ќе почнеме да ги решаваме нивните примарни егзистенцијални проблеми, затоа што најголем број на семејства во Кавадарци, кавадаречко и Македонија живеат и егзистираат од лозарството. Државата ќе мора и мора да биде гарантор за откупот и пласманот на земјоделските производи, вклучително и на грозјето. Откупните цени на земјоделските производи вклучително и на грозјето мора да се договараат 30 дена пред сезоната за откуп.

Граѓаните да знаат каква ќе биде откупната цена на земјоделските производи, на родот што го произведуваат и ќе знаат соодветно да го планираат своето производство. Исто така ќе ги субвенционираме земјоделските производи со по 20% зголемена субвенција за секоја вложена инвестиција по хектар. Што значи не само што ќе ги задржиме сумите за субвенционирање, напротив ќе ги зголемиме за 20% за да го зголемиме и мотивот на граѓаните да вложуваат во производството и да не стравуваат за откупот и за нивниот пласман.

Субвенциите ќе мора земјоделците и лозарите да ги добиваат токму тогаш кога им се најпотребни, кога вложуваат во производството, кога вложуваат во репроматријалите, кога вложуваат во сите оние ресурси којшто за да го добијат родот и производството, а тоа е нели ќе ги добиваат во секој март во тековната година.

Средствата од предаденото грозје од предадените земјоделски производи по закон мора да се исплаќаат 6 месеци по предадениот производ. Невозможно е и неможно и недозволиво е да нема реализирано плаќање на земјоделските производи по предадениот род, во овој случај она што е најголем случај за кавадарчани е неисплатеното грозје од минатото предавање. Дополнително ќе вложиме во зелена нафта, што ќе ги намали трошоците за производството и целокупните репроматријали коишто им стојат на располагање како користење на земјоделците и лозарите во овој дел.

Понатаму, сите овие системски мерки којшто се во низа ќе го олеснат и производството, ќе го стимулираат производството и нема да дозволиме насушните суровини коишто се богатство за Македонија, да бидат фрлени на буниште само заради некој не му гарантира или не го цени трудот и потта на земјоделците и на лозарите.

И на крајот она што за нас, и за граѓаните најважно е дека промените доаѓаат, и промените ќе се случат, одговорната власт и одговорната Влада на СДСМ првично ќе почне да ги решава наталожените проблеми 10 години, наназад што ги создаде Груевски и неговата влада, само со популистички мерки и со фалби, ќе ги решаваме егзистенцијалните проблеми и ќе овозможиме достоинствен живот на секој граѓанин на Република Македонија и достоинствена откупна цена за земјоделските производи, достоинствен живот за земјоделците, за лозопроизводителите, за јаболко производителите и за сите оние коишто вложуваат во производството и во економскиот развој во Република Македонија, рече Ременски.