МЛАДИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА САШКО МИТОВСКИ ОБЕЗБЕДИ 2.000.000 ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ЗА ПРИСТАПЕН ПАТ ВО НАСЕЛБА ЕДИНСТВО

0
1185

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека Општина Крива Паланка преку Министерството за транспорт и врски, преку програма за поддршка на имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите обезбеди 2.000.000,00 денари за реконструкција на пристапен пат во населба Единство и тоа пристапен пат од поранешен ловечки дом до Радевска мала и дел од пристапна улица Пиринска.

„Ова е уште еден значен проект за секојдневно функционирање на граѓаните од овој дел на Крива Паланка.

Продолжуваме…..“, потенцираше Митовски.