ОБИД ЗА АПСЕЊЕ И НА ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: Лидерот на „Достоинство“ повикан во полициска станица!

0
1196

По денешното приведување на еден од лидерите на „Левица“ Здравко Савевски, во полициската станица „Беко“ е повикан и лидерот на „Достоинство“, Генерал Стојанче Ангелов.

Еве што напиша на својот Фејсбук профил Генералот:
ОБИД ЗА МОЕ АПСЕЊЕ ИЛИ НЕ???

По некоја случајност и јас бев повикан денес во 12.00 да се јавам во ПС Беко со образложение дека има некаква поплака против мене. Не сакам да верувам дека и мене ми го подготвуваат истото сценарио како на проф. д-р. Здравко Савески од Левица но за секој случај не отидов. Ако веќе решиле да ме апсат, нека се помачат малку.

Грујо!!! Џабе ти е се. Еден ќе уапсиш, десет нови ќе дојдат. Како и да е, како и да правиш, готов си. Затоа вечерва, и да врне и да вее и бура да коси, сите на протест, масовно!!!

(Во 14.30 ќе одржам прес конференција пред Споменикот на бранителите во Жена Парк).