(ВИДЕО) Левица: Сите што ги бара полицијата да не се пријавуваат, вечер масовни протести

0
976

На прес конференција пред Кривичниот суд, Левица им порача на сите кои полицијата ги бара за инфорамтивен разговор, да не се пријавуваат во станиците и да не одат. Според нив, нема да се дозволи криминалците кои се аболицирани да седат на власт и да апсат граѓани. Од Левица потврдија дека професорот Здравко Савевски е повикан и задржан во полициска станица, и претпоставуваат дека намерата е да му се одреди притвор, пренесе А1он.

-Еден од најактивните Здравко Савевски е повикан на информативен разговор, по што е задржан, ќе биде изведен пред судија во претходна постапка, шпекулациите седека ќе му биде одреден притвор. За уште четворица наши членови има покани на информативен разговор, нашиот совет е да не се појавуваат на овие разговори, рекоа од Левица.

Тие упатија три пораки од прес конференцијата, од кои до министерот и заменик министерот за внатрешни рабти да ги евидентираат, но да не ги просцесуираат овие пријави до завршување на кризата, до обвнителството да не бара притвори, а до судиите по ниеден основ да не определуваат прритвори, туку да остават правдата да тече низ вообичаената постапка.

Според Левица, се остварува планот на власта, кој се форсира во последно време за наводната непријателска дејност на граѓанските здруженија и партии , што би требало да биде алиби за нивно забранување. Сето тоа велат од Левица, нема да не спречи и повикаа на сполетност и помасовни протести.

-За вечер најмасовен протест, и сите да истраат и сите кои се против овој режим да се здружиме заедно и да ставиме крај на овој режим. Единствено само криминалците се аболицирани во оваа држава и тие сакаат да владеат вечно, рекоа од Левица.

Изјавата може да ја погледнете ОВДЕ