ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ВЛАДАТА, МУХАМЕД ЗЕКИРИ И ОЧЕКУВА САМ ДА СЕ ПОЈАВИ ВО КРИВИЧНИОТ СУД ПОРАДИ ОБВИНЕНИЕ ЗА СКЛУЧЕНО НЕЗАКОНСКИ ДОГОВОРИ НА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

0
591

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска информираше дека е отворена истрага против висок владин функционер, за кој „Фокус“ дознава дека е генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, и дека за него се бара притвор.

Како што дознаваме, Зекири не е спроведен во Кривичниот суд, каде што судија на претходна постапка ќе треба да одлучи за притворот, туку наводно му била доставена покана за смиот да се појави во суд.

„Фокус“ го побара Зекири за коментар, но тој не одговори на нашите телефонски повици и пораки.

Според обвинителството, Зекири е осомничен дека заедно со двајца хрватски државјани незаконски склучиле договор за консултантски услуги.

-Во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги, велат од Обвинителството.

Извор : Фокус.МК