(ВИДЕО) Шилегов: Диме Спасов возел пијан и со службено возило, надвор од работно време

0
1231
Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, портпарол на СДСМ
Скопје, 28.10.2016
%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%b5-%d1%88%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%be%d0%b2-%d0%b8%d0%b7%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0
Почитувани граѓани,
Оваа власт на Никола Груевски е опасна по живот и мора да замине. Секој нов ден со нив, загрозени се животите на нашите деца, нашите имоти и безбедноста на граѓаните.
Oва  е местотo каде што, синоќа, Диме Спасов дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, пијан, со службено возило удрил неколку возила и избегал. Спасов е човекот кој со години управува со градинките, онаму каде што се згрижуваат нашите децата. 
Уште колку жртви треба однесат овие луѓе со сопствената аздисаност?
Што ако на улицата, на овој паркинг имало деца, тинејџери, граѓани? Дали и тогаш ќе избегал? 
После сообраќајката Диме Спасов избегал. Ова ја покажува врвна неодговорност на кадрите во оваа Влада, којашто така и го почна својот мандат. Со убиство на млад човек.
Диме Спасов, не само што бил пијан, туку и користел службено возило надвор од работно време, и тоа возилото во сопственост на Агенцијата за вработување!  Кој и како му дозволил на Диме Спасов да користи службено возило на Агенцијата за вработување? Ова претставува класична злоупотреба на институциите, класична злоупотреба на имот на граѓаните, на имотот на Република Македонија.
Диме Спасов ќе мора да понесе одговорност за синоќешниот инцидент. Му препорачуваме  да се повлече и да не се појавува во јавност. Тој повеќе нема никаков морален и политички кредибилитет да зборува за грижа за граѓаните. Затоа што на дело што се виде како се грижи за нив. Ќе нанесе штета и ќе избега.
 
Македонија не заслужува ваква неодговорна власт. 
Власта на Груевски не смее повеќе да ја води државата.