НЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ Е 1 ИЛИ 1.000 ПАЦИЕНТИ – ТАРАВАРИ ГО ХРАБРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ДА БАРА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ СО ОНКОЛОГИЈА

0
373

Тој го охрабри актуелниот министер за здравство да го расчисти случајот до крај.

„Во моментов не знаеме дали се работи за еден или илјада пациенти кои биле жртви на тоа што се случило, но дури и за еден, тоа е неетичко и неморално и дефинитивно и под никакви околности министерството мора да инсистира на органите на правдата за овој случај да биде казнет, со цел никогаш да не се повтори“.

Вака го коментираше скандалот со крадење лекови против рак на скопска Онкологија лидерот на Алијанса за Албанците(АА), Арбен Таравари вчера гостувајќи во Гласот на Америка. Тој го охрабри актуелниот министер за здравство да го расчисти случајот до крај.

Лидерот на АА вели дека Владата е стабилна и дека нејзиниот состав, каде речиси 50 отсо се Албанци, е потврда за тоа колку Албанците се факторизирани во Македонија.– Сега сме 28 Албанци во Владата, а по изборите, кои ќе бидат редовни во 2024 година, ќе бидеме над 30 пратеници – проценува Таравари и прогнозира „спектакуларен изборен резултат“.