Маричиќ за случајот со 1 500 недоставени судски платни налози: Курирот тоа не го направил сам

0
747

Рускоска пред неколку дена објави случај во кој, во фиоката на некој курир кој починал, биле откриени преку 1 500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни кои не биле доставени.

Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно, за одредена мала парична награда, службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам да го прави ова. Обично тоа е заеднички потфат и затоа мора да се реформираме, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, комнтирајќи ја изјавата на обвинителката Вилма Русковска, која откри случај со недоставување платни налози.

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Маричиќ изјави дека, според планот на Владата за реформи во судството, важно е да се испитаат сите релации на еден судија и на еден обвинител, како и улогата на администрацијата и на стручните служби.

Рускоска, во истата емисија, пред неколку дена објави случај во кој, во фиоката на некој курир кој починал, биле откриени преку 1 500 платни налози за прекршоци и за мандатни казни кои не биле доставени, со што државниот Буџет е оштетен за 20 милиони денари.

„Кој знае колку има други вакви случаи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичниот законик, Законот за управните судови… Мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор -изјави обвинителката Русковска.