Се демонтира мобилната болница, за среќа без ниту еден згрижен пациент затоа што со карантинот пикот беше ублажен

0
645

Мобилната болница, донација од Норвешка, којашто беше поставена како дополнителен капацитет за примање на пациенти заразени со ковид 19, денеска почна да се демонтира, јавува Независен.

Мобилната болница беше поставена кон крајот на март, со капацитет од 130 пациенти и беше поврзана со сув ходник со Инфективната клиника.Сепак таму не беше згрижен ниту еден пациент, бидејќи бројот на заразени кои се лекуваа болнички не го надмина бројот на леглата во Инфективната клиника и ковид центарот во „8-ми Септември“.