Кирацовски : Mултукултирализмот, почитувањето на различностите не е процес што почнува и завршува, туку тоа е постојано дејствие во кое е вклчучено целото општество

0
1039

Чест ми е што имав можност да се обратам на денешната конференција на тема што е особено важна за нашето општество.

Mултукултирализмот, почитувањето на различностите не е процес што почнува и завршува, туку тоа е постојано дејствие во кое е вклчучено целото општество.

Македонија отсекогаш била горда на различностите што ги негува и отсекогаш била позитивен пример за тоа како треба да функционира едно општество составено од различни етникуми, култури и религии.

Само преку почитување на различностите, преку градење на мултикултурно општество можеме да изградиме подобро утре, за нас и за генерациите по нас.

Затоа, како поединци имаме обврска да учествуваме во неговото градење и да ги унапредуваме меѓукулутурните, меѓуетничките, но пред сè меѓучовечките односи.

Фејсбук пост на ген. секретар на СДСМ, Александар Кирацовски