ИНЦИДЕНТ ВО ЧАИР: ВРАБОТЕН ВО КАБИНЕТОТ НА ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА МВР ВО КАВГА ПРИ ПОЛИЦИСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ЕБР ОД ЧАИР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ СО ПИШТОЛ ПО ШТО ИЗБЕГАЛ ПА ПОТОА СЕ ПРЕДАЛ НА МВР

0
1036

Скопјанец во близина на угостителски објект во Чаир каде имало матурска прослава (со гости полициски функционери) пукал со пиштол во воздух затоа што полициска патрола вршела контрола и го сопрела неговиот познаник поради незаконско користење на флешери на автомобилот, пренесува Телма.

Во инцидентот кој се случил синоќа нема повредени, а скопјанецот кој пукал во воздух денеска се предал на полицијата и против него ќе биде покрената соодветна постапка, потврдија од МВР.

Полициски тим од ЕБР Чаир во кој бил и началникот на оваа единица на МВР го сопреле возачот затоа што имал флешери- ротациони светла на автомобилот од марката мицубиши.

Потоа почнале да се собираат гости од ресторанот. Возачот на сопреното мицубиши се претставувал дека работи за заменик-директорот, а по телефон го повикал заменик директорот на БЈБ Ариф Асани за да влијае на полицискиот началник и да го пушти, објаснуваат сведоци за Телма.

Истрагата сега утврдува дали насилниот скопјанец сакал да го застрела началникот или пукал во воздух. По истрелот тој е совладан, но сепак успеал да избега од местото на инцидентот. Една од верзиите е дека заменик директорот Асани наредил да биде пуштен пиштолџијата по што тој си заминал. Втората верзија е дека групата на уапсениот почнала да ги влече полицајците по што осомничениот успеал да избега.