ОБВИНИТЕЛКАТА ВО СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА ЗА „ФОКУС“ : НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД ДОКАЗИТЕ СЕ ВЕЌЕ ОБЕЗБЕДЕНИ

0
385

Откако „Фокус“ го отвори скандалот Онкологија, во кој ја посочивме разработената криминална шема на Клиниката за препродажба на лекови на црниот пазар, како и начинот на кој се манипулирало со терапијата на пациентите, обвинителството почна предистрага.

Главната обвинителка Гоговска-Јакимовска, која го води предметот, првпат излегува во јавност, посочувајќи дека доказите се веќе обезбедени и дека се прави темелна истрага, која е проширена и во Косово и во Албанија. Во интервју за „Фокус“, вели дека се проверуваат голем број медицински истории на пациенти што примале биолошка терапија, потоа историите на сите пациенти што побараа да биде разгледан и нивниот третман поради определени сомненија, како и медицинските истории, кои беа повод за новинарските истражувања.

Она што можам да ја уверам јавноста, како надлежен јавен обвинител, порачува таа, е дека кривичен прогон ќе има против сите за кои постојат докази. Целото интервју на ФОКУС.МК