23 СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ ЌЕ УЧАТ ДОДЕКА РАБОТАТ ВО АЛКАЛОИД И ВО ЛАБОРАТОРИЈАТА ЛАФОМА

0
644

На 1 септември почна со настава втората генерација ученици во парцијално дуалната паралелка со назив Фармацевстки техничар во фармацевтската индустрија.

„Алкалоид“ како општествено одговорна компанија континуирано вложува во заедницата и со реализација на разни проекти ги потврдува своите заложби за квалитетно образование чија цел е зголемување на ефикасноста на образовниот потенцијал и продукција на стручен и обучен кадар.

Во соработка со средното стручно училиште СМУГС ,,д-р Панче Караѓозов“ Скопје, на 1 септември почна со настава втората генерација ученици во парцијално дуалната паралелка со назив Фармацевстки техничар во фармацевтската индустрија.

Најдобрите 23 ученици успешно ја поминаа селекцијата во текот на јуни. Учениците ќе имаат можност да ја реализираат наставната програма по предметот Учење преку работа во производствените погони на „Алкалоид“ и во тренинг-лабораторијата во Центарот за едукација и за обуки во Лафома, која е специјално наменета за тренинг и за едукација на млади таленти.

Им посакуваме успешен почеток на новата учебна година.
#AлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе