НУКЛЕАРНА БОМБА НА НОВИНАРКАТА АНА ЈОВКОВСКА: Директорот на Сител каде што работев ме нападна во неговата канцеларија, веднаш си дадов отказ!!!

0
6565

Новинарката Ана Јовковска се исповеда под хаштагот СЕГА КАЖУВАМ:

Ана Јовковска

Имав 25 години.

Работев во телевизија.

На состанок во канцеларија (јас и “шефот”) додека го презентирав новиот ТВ проект “шефот” ми се доближи толку блиску што ми влезе во интимниот простор на мојата аура.

Ме залепи за врата. Мојот отпор беше само еден збор -“недолично”. Проба да се извади со “фраерски” комплименти и хумор, но веднаш го напуштив состанокот.

Не ме уплаши, но ме згрози. Класично микронасилство од позиција на моќ.

Другиот ден дадов отказ и не се појавив веќе на работа.

Им кажав веднаш на двајца колеги, но тие рекоа дека тоа е вообичаено однесување за него.

Им кажав на пријателите, но тие ме посоветуваа да не ја раскажувам секаде случката оти сум јавна личност.

Не ги послушав. Им кажав и на моите. Ме поддржаа во одлуката да си заминам од работа.

Останав да се прашувам што прават колешките и жените што не можат така лесно и безкомпромисно да донесат одлука да ја напуштат работата.

На Википедија може да се провери дека таа е родена 1982-ра, значи на 25 години работела во Сител, во 2007-ма како што може да се види во нејзината биографија, после што се префрла на ТВ Алфа.