ЗАЕВ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ВО „ЛА ВЕРИТА“: АКО ИМАА ДОКАЗИ ЌЕ МЕ ОСУДЕА!

0
1057

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека информациите објавени денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“ каде се обвинува за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, се дел од алатките кои се користеле врз него тогаш како лидер на опозицијата која тогаш не ги призна изборите.

Ако имаа какви било докази во 2014 година, со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ, според Претседателот на СДСМ, тој ќе бил осуден.

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев.