ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ МУ СТАНА ТРН ВО ОКО НА БУГАРСКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК ЏАМБАСКИ: ЗАЕВ ЈА ПОНИЖУВА И ДИСКРЕДИТИРА БУГАРИЈА ВО ЕУ СО ТОА ШТО БРАНИ ПОСЕБЕН МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК

0
1355

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро реагираше на најавата дека е можно да се изнајде решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија кое нема да стави никој во подредена положба и ќе се укине ветото.

Тој вели дека такво решение не постои, пред сѐ поради односот на Северна Македонија и нејзиниот владеачки врв кон Бугарија, но и поради тоа што кога Зоран Заев е вклучен во некаква мисија, мисијата е осудена на неуспех.

“Со признанието на претседателот Радев дека ќе има напредок во преговорите со Македонија во јуни, во Скопје се случи медиумска и политичка преродба. Се зборуваше и за укинување на ветото без понижување никого. Сепак, вистината е поинаква: дури и да се најде таква формула, во која силно се сомневам, нема да помине без понижување. Бидејќи Бугарија веќе повеќепати беше понижена, не само од медиумите и бугарските хејтери во Северна Македонија, туку и од луѓе на највисоко ниво.”

“Како прво, од премиерот Заев, кој се обидува на секој начин да ја дискредитира нашата земја во Европа и во Македонија: со платено плукање, притисок, потсмев и немилосрдна дрскост кон историската вистина. Сите активности што одговараат на болшевичкиот систем, но не и на премиерот на земја кандидат за ЕУ” – вели Џамбаски.

Тој се согласува со претседателот Пендаровски дека постои потреба за обновување на довербата со Бугарија.

“Барем тој призна дека недостасува доверба. Но чија е вината? Одговорот е едноставен: од Владата што нема никакви дипломатски односи. И владеачката партија и опозицијата на Северна Македонија не ја почитуваат институцијата со која преговараат. Тие го нарекуваат кабаре и повторуваат дека им должи. Меѓународните договори не се почитуваат, и само омразата, лагите, репресијата и исмејувањето кон Бугарија и Бугарите.”