За заменик министерот за правда, Агим Нухиу нема афера со правосудните испити со кандидати кои немале диплома за правни студии, туку тоа биле кандидати кои имале диплома.
Друго е да кажеме дека недоставува диплома, дека има фалсификат диплома, друго е дека немал во моментот, вели Нухиу иако ниту еден медиум не кажа дека синот на Талат Џафери и другите спорни студенти нема воопшто диплома или имале фалсификувана диплома, туку, како што утврди Антикорупциската комисија, прво положиле правосуден испит, па потоа се здобиле со диплома, дипломиран правник.