(ВИДЕО) УШТЕ ЕДНА ХОРОР СТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО : 4 години лежи неподвижна а државата не и дава помош и нега

0
1104

Со преживеани неколку мозочни удари, 69 годишната Бедрие Ферадова од Иловица четири години лежи неподвижна во кревет. За неа се грижи нејзината снаа Барие која секој ден ја гледа, храни и негува, пренесува 24 Вести.

Но за жал државата не и дава паричен надоместок за помош и нега од друго лице. Фердови кој едвај едвај врзуваат крај со крај, пред социјалните институции се немоќни да докажат дека нивната мајка без помош и нега од друго лице неможе да живее.

Ферадова до 2013 примала помош за нега на трето лице. Но за продолжување контролата на помошта, место кај неа завршила кај некоја друга Бедрие која била на нива. Ферадови кој тој ден имале закажано преглед попусто чекале цел ден. Никој не ги посетил.

Откако ја одбиле Барие правдата ја побарала по судски пат. Паралелно повторно ја поднела сета документација, но ја одбиле.

Од Министерстовото за труд и социјална политика информираа дека правото за паричен надеоместок за помош и нега од друго лице на Бедрие Ферадова и се укинува бидејки не се појавила на контролен преглед ниту се јавила во центарот за социјална работа за да поднесе ново барање, Апелираа до семејството Ферадови да поднесе ново барање за да и се обнови правото на користење парична помош.

SOCIJALEN SLUCAJ 15 05 by 24vesti