ОБСЕ/ОДИХР изборите на 24 април ќе ги следи со 300 набљудувачи

0
1126

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи предвремените парламентарни избори на 24 април 2016 година со 24 набљудувачи на подолг рок и со 300 набљудувачи на денот на изборите.

Мисијата побарала да се зголеми бројот на набљудувачи поради тензичната и кревка политичка атмосфера во земјава и потребата да се промовира доверба во изборниот процес.

Оваа бројка е за околу сто набљудувачи поголема од таа на минатите избори во земјава.