НОВ ЕХО АПАРАТ ОД ЈАПОНИЈА ЗА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ЈАПОНИЈА

0
555

Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. ​Со овој проект, Јапонија овозможи Битола да добие нов Canon ехо апарат на одделот за педијатрија, во вкупен износ од 52.779 евра.Амбасадорот истакна дека децата повеќе нема да чекаат долго за преглед и дијагноза и ќе се намали потребата да бараат помош во далечните клиники, што создаваше дополнителен трошок за нивните семејства.

​​Како што соопштуваат од јапонската амбасада, досега Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за ковид-19.

​Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa