И ХОРХЕ ЈУНИОР ИСТ КО ТАТКО МУ, ТЕНЏЕРЕ ИСПУКАНО – ИВАН, СИНОТ НА ЃОРЃЕ ИВАНОВ СО ПОРАКА : НА ЕВРОПА И СЕ ПРДИ ЗА ВАС!

0
741

Синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван (31), изминатиот период редовно го привлекува вниманието на јавноста со своите се почести излегувања во медиумите, каде ги споделува своите гледишта за актуелните состојби во земјава.

Него јавноста го запозна како младо момче пред 13 години, кога започна првиот претседателски мандат на неговиот татко, а сега е веќе зрела личност и семеен човек, вработен во Балканскиот интернационален универзитет, кој во своите јавни излагања редовно го потенцира родољубието.

Од неодамна пак, изненади со објавата на социјалните мрежи, кога ја промени профилната фотографија, на која позира облечен во елегантно одело, а наместо неа објави своја фотографија во црна маица со порака И СЕ ПРДИ НА ЕВРОПА ЗА ВАС!

-Каде и ние да си купиме таква маица, е често прашање кое многумина го поставиле под фотографијата на младиот Иванов.

Пред неколку месеци, за време на протестот против францускиот предлог кој се одржа пред Влада, Иван се појави заедно со неговиот татко. Според тогашните изјави на Ѓорге Иванов, францускиот предлог бил подла игра за разнебитување на Македонија.

Во времето додека беше претседател, од 2009 до 2019 година, Ѓорге Иванов за време на своите официјални посети во други земји, често беше придружуван од сопругата Маја, но и од синот Иван.