ИВАНОВ : ДАЛИ СДС И БОЧВАРСКИ НЕ ГИ ЗАВРШУВААТ ЗАТВОРЕНИОТ БАЗЕН И КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ЗА ДА ГИ КАЗНАТ ШТИПЈАНИ?

0
190

Пресконференција на Душко Иванов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Почитувани,
 
Со договор од 07.02.2020 година и дозвола за градба од 12.02.2020 година, е започната градбата на затворен базен во Штип со утврден рок за завршување на проектот од 18 месеци.
 
После 2,5 години од пробиенот рок за градба, повторно го прашуваме Благој Бочварски и надлежните институции:
 
– дали се исплатени парите на граѓаните во износ од фантастични 600.000 илјади евра на изведувачот?
 
– доколку се исплатени зошто базенот во Штип е нефункционален?
 
– дали е покрената постапка поради пробивање на рокот за градба и пуштање во употреба на објектот со цел заштита од злоупотреба на парите на граѓаните?

– 7 години СДС преку одговорните на институциите се однесува неодговорно, неажурно и манипулативно кога се во прашање ветени, отпочнати и 
нереализирани проекти на штета на граѓаните и ЗОШТО СДС и Бочварски поради лошиот изборен резултат на локалните избори и фијаското кое ќе го доживеат на претстојните избори, ги казнува граѓаните на Општина Штип со нереализација на веќе започнати проекти, по примерот на Клиничката болница во Штип?
 
Бесрамно со лаги и манипулации дојдовте на власт, со лаги и корупција владеевте и така ќе заминете во политичка пензија!

Доста е!

Важно е да се промени Власта, да се ослободат институциите, да си ја вратиме државата!