ПДП: Будно ќе следиме дали ќе се создадат услови за фер избори

0
1025

ПДП ќе донесе одлука за нејзиното учество на предвремените избори на 5 јуни откако ќе се создадат услови за фер и демократски избори.

„Aнализирајќи ги политичките настани после распуштањето на Собранието на Република Македонија како и можното потпишување на „одлуката на 15 април за организирање на предвремени парламентари избори на 5 јуни 2016 Партијата за Демократски Просперитет ги поддржува ставовите на меѓународната заедница претставени преку амбасадорот на ЕУ Орав, амбасадорот на САД Бејли, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Могерини како и амбасадорот на Обединетото Кралство Чарлс Гарет дека институциите на земјата надлежни за организирање на избори сеуште имаат малку време за исполнување на условите за фер, демократски и кредибилни избори како што се слободни медиуми, дефинитивно прочистување на изборниот список, престанок на заплашување на администрацијата како и давањето силна поддршка на СЈО. ПДП во понатамопниот тек будно ќе ги следи процесите на создавање на услови за кредибилни избори и дополнително ќе се произнесе по истото“, се вели во партиското соопштение.