НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ УАПСЕН СО СПЕЦИЈАЛЦИ : ГО ТОВАРАТ ЗА НАПАД НА СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ НА НАТПРЕВАР

0
55

Пред малку уапсен е новинарот и сопственик на ПорталиХ Фуркан Салиу.Според информации на “Скопје1”, тој присуствувал на фудбалски натпревар, каде се вмешал во тепачка и заминал дома, каде е уапсен.МВР го товари за напад врз службено лице. Апсењето беше спроведено од специјалци.

Член на семејството на новинарот Салиу за „360 степени“ рече дека тој заедно со неговиот снимател го следел фудбалскиот натпревар при што полицијата тргнала да апси младо момче. Салиу им се спротивставил и почнал да ги прашува зошто го прават тоа, по што бил совладан и приведен, вели нашиот соговорник. Фуркан во моментов е во полициска станица, но во семејството не знаат во која.

Од Министерството за внатрешни работи официјално за „360 степени“ кажаа дека ќе ги проверат наводите за апсењето и подоцна ќе се произнесат.Извор од МВР за „360 степени“ рече дека Салиу е приведен затоа што „физички ги нападнал полицајците” што се смета за напад врз службено лице.Салиу е однесен во полициската станица Гази Баба, а беше приведен за време на фудбалски натпревар во селото КоњареПовеќе инфорации очекуваме во секој момент.

Салиу деновиве е актуелен со серијата стории во кои обелоденува документи за кои тврдат дека наводно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ направила оперативен план за обезбедување документи, но и за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на политичарите и партиите кои во изминатиот период беа објавувани во емисијата „Објектив“ на Македонската радио-телевизија (МРТ). Опозициската партија, како и јавниот сервис ги негираа наводите.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека станува збор за фалсификувани документи.