ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ : ЛЕБ ИМА И СЕ ПРОДАВА ПО 33 ДЕНАРИ

0
409

Директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски денеска преку Фејсбук порача дека леб има и се продава по цена од 33 денари. Нагласи дека инспекторите и денеска се на терен и најави дека следи замрзнување на цените и на други производи.Пред неколку дена, директорот изјави дека граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси.

-Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби! Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни.