ЕВЕ ЗОШТО Е УАПСЕН КАМЧЕВ – ЕВЕ КАКО ГО БРИЧЕЛЕ НАРОДОТ НА СУВО ДОДЕКА МУ ПРОДАВАЛЕ ПРИКАЗНИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОЊА!

0
6911

Улицата „Питу Гули“ 39 на Водно, стана позната за јавноста пред точно шест години, односно во март 2015 година, кога одекнаа снимките на тогашната опозиција СДСМ за тоа како блиски лица до тогашниот премиер Никола Груевски планирале да го купат атрактивното земјиште од илјадници квадратни километри, каде меѓудругото има и преубава шума.

Локалните жители реагираа дека ова земјиште не смее да се продава, но тие не знаеја дека веќе е продадено , а во снимените раговори Груевски, заедно со тогашниот министер Миле Јанакиески веќе планираат како да се игради пат кој ќе води директно до парцелите.

Според документите од катастарот, три фирми ги имаа во раце атрактивните локации – фамозната компанија Ексико ДООЕЛ, КАРА и Сирах Инижинеринг. Се разбира, името на Груевски не фигурираше никаде во оваа шема. Ниту пак името на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков. Единствена фирма која ѝ беше тогаш позната на јавноста е КАРА – компанија на семејството Камчеви. Вредното земјиште беше составено од 6 парцели од вкупно 17 илјади квадратни метри. Секоја од фирмите поседуваше по 2 парцели, но најмногу имаше Сирах Инжинеринг – 11 илјади квадратни метри.

Груевски стана првоосомничен за кривичното дело перење пари, а според обвинителството, во тоа му помогнале Сашо Мијалков и неговиот кум Ристо Новачевски. Осомничени се и Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ кои, според обвинителството, се обиделе да ја прикријат сопственоста на купените парцели на Водно.