И Сиљановска го впери прстот кон Јанушев, Мицкоски да го повика на одговорност за незаконскиот долг од 400.000 евра

0
1157

И кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори Гордана Сиљановска посочи дека за финансирањето на нејзината кампања одговорен бил генералниот секретар Игор Јанушев.

А токму за таа кампања ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се наплати.

ВМРО-ДПМНЕ го прекршила членот 71 од Изборниот законик каде е јасно наведено дека  сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.

За ваквото прекршување на законите , мора да има одговорност, а овластен потписник на сметката бил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Христијан Мицкоски треба веднаш да го повика на одговорност неговиот генерален секретар Игор Јанушев.

Во спротивно, Мицкоски ќе покаже уште еднаш дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски, кој надвор од законот сметките за изборни кампањи ги затвораше со долгови од над 3 милиони евра.