Заев од Чаир му порача на Грујо: Никола, десната рака на Ќосето се вика Докурчев

0
3384

Додека јас зборувам за Гоце Делчев, ти Никола се закануваш со Ќосето. Но, се што има почеток има и крај. Никола, како се вика десната рака на Ќосето, се вика Докурчев. Што да ти кажам повеќе, Докурчев и Ќосето, рече денеска на митингот во скопски Чаир лидерот на СДСМ и носител на четвртата кандидатска листа за пратеници, Зоран Заев.

Тој порача дека на овие избори се гласа за повисоки плати, за силни домашни фирми, за парите кај граѓаните, за институции во служба на граѓаните и за правда за сите.

– Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по закон. Македонија има иднина. Иднината е во единството и сплотеноста – порача Заев.

Тој им порача на граѓаните дека на 11 декември ќе бидат сами зад параванот, сами со своето гласачко ливче.

– Одберете дали ќе гласате за преживување и изживување врз вас или за живот во Македонија – рече Заев.