Дрекселмаер – Фабрика на смртта

0
1579
Во вторникот, вработените од третата смена во фабриката Дрекселмаер биле сведоци на немил настан. Имено една од вработените се пожалила дека не се чувствува добро и побарала да биде ослободена за да оди на доктор поради тоа што во тој момент во амбулантата во фабриката немало доктор.
drekselmaer
Одговорните на смената не и дозволиле да го напушти работното место и кажале дека ќе и биде подобро, но жената не издржала и паднала на линијата каде што работела. Вработените се јавиле во итната медицинска помош со која што жената била пренесена најпрво во Велес, а потоа од таму директно ја упатиле во Скопје, но не издржалаи починала, медицинските лица констатирале смрт од излив на мозокот.И покрај тоа производството не било прекинато од одговорните, па вработените во знак на револт го прекинале производството 3 часа. Вечерта никој од менаџментот на фабриката не се појавил.Колегите кои што биле со неа побарале излаз од фабриката за да појдат да и оддадат последна почит, но не добиле дозвола за тоа, па се прашуваат дали работат во фабрика или се запослени во некој концентрационен логор.
Според нив во последната година ова е десетта жртва.”Не можеме да тврдиме со сигурност, но притисокот, стравот и стресот кој што го чувствуваме сите го имаше и таа. Пред неколку дена седевме на пауза и ни кажа дека размислува да напушти но со што ќе живее после. Сите ние на некој одреден начин наместо да живееме, тука преживуваме работиме како волот за сламата. Колешката која што почина е десетта жртва во последната година, скоро сите се починати од срцев или мозочен удар. На сите господ нека ни помогне, кога државата не застанува во наша одбрана на странците воопшто не му е важно за нас “, изјави за РеволуционерМк еден од колегите на починатата вработена во Дрекселмаер кој поради страв да не го изгуби своето работно место побара да биде анонимен.РеволуционерМк