НОВИНАРОТ НА ,, ИНФОМАКС” МИЛОШ МИЛОШЕВСКИ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА БИДЕЈЌИ ИМ ГО НАРУШУВАЛ МИРОТ НА НАЦИСТИТЕ ОД ,,ЦАР БОРИС” ПОРАДИ ВЕРБАЛНА РАСПРАВА СО НИВ

0
870

Денеска ми стаса предвреме честитката за 11 октомври… Денот на востанието во Македонија.

Ми велат полиција ме барала на врата… Се чудам за што. Ми велат за нарушување на јавен ред и мир.

Замислете сум им го нарушил мирот на нациститe во Охрид… Страшно.

Не ми е криво за казната и за парите криво ми е што како дете од партизанска фамилија, државата која почива на темелите на АСНОМ ме гони за нарушување на мирот на декларирани нацисти кои пишуваат колумни за Адолф Хитлер и велат дека бил фин човек.

Ние Македонците повеќе немаме држава, немаме кров над глава, немаме институции кои ќе не штитат. Ние живееме во апартхејд, систем кој работи против нашите национални и државни интереси.

Разбудете се браќа Македонци. Смрт на фашизмот — слобода на народот! Честит празник.

Извор : Инфомакс.Мк