АРСОВСКА ОД ВАШИНГТОН : ЧЕСТ И ЗАДОВОЛСТВО МИ БЕШЕ ДА СЕ ОБРАТАМ ПРЕД МОИТЕ КОЛЕГИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД ЕВРОПА И САД

0
506

🌍 Чест и привилегија е што имав можност да се обратам пред моите пријатели градоначалници од САД и Европа, на панелот како дел од конференцијата за иновации на локалните самоуправи, а воедно и да дискутираме за решенијата и можностите за економски раст и развој на градовите, презентирани од тимот на Harvard University и London School of Economics.

🇲🇰🇺🇸На средбите со градоначалничката на главниот град на САД, Вашингтон, разговаравме за решенијата кои таа ги имлементира на прагот на својот трет мандат како лидер на американската метропола, за справувањето со глобалната економска и енергетска криза, спроведувањето реформи во градската администрација и можностите заедно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат градовите низ светот.

📚 Град Скопје е гостин на партнерите од САД со кои интензивно соработуваме во изминатите неколку месеци со цел преку размената на искуствата за локалната самоуправа да создадеме инклузивен и одржлив град, со позитивни решенија за доброто и во интерес на сите граѓани.

Фејсбук статус на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.