ГРУЈО И СТАВРЕ ИМ ГИ УКРАДОА ПАРИТЕ НА ИДНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Државниот фонд им должи на приватните пензиски фондови

0
1086

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) доцни со уплатата на парите, што како процент од вкупните придонесите одат во задолжителните приватни пензиски фондови.

Ова за емисијата „Економски магазин“, која се емитува на “Алсат М,“ го потврдуваат од НЛБ Нов Пензиски Фонд, но велат дека граѓаните не треба да бидат загрижени затоа што иако парите не се пристигнати кај нив, сепак тие ги регистрираат на сметките на членовите веднаш штом ќе добијат информација дека работодавачот им ги уплатил придонесите.

„Мислам дека оваа информација е сега актуелна, но не е ништо ново. Ние имаме побарувања од државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигуривање, по основ на неисплатени придонеси до задолжителниот пензиски фонд. И во врска со таквите задоцнувања ние веќе неколку пати имаме покренато иницијативи, нормално прво до Фондот за пензиско инвалидско осигурување со цел да детектираме.

Но, во суштина проблемот е јасен, дефицитот во државиот пензиски фонд го забавува редовното уплатување на средствата кон задолжителните приватни пензиски фондови. Сме имале средби и сме разговарале со цел ваквите проблеми да се надминат. Тоа се факти во моментов. И, претпоставувам дека до крајот на годината ќе останеме со некое салдо на побарување во однос на Фондот за пензиско инвалидско осигурување.

Во принцип, од економски акспект гледано проблемот е што ние ненавремено ги добиваме тие средства и губиме во делот на инвестирањето на тие средства. Значи неможноста тие средства да бидат инвестирани.
Но, системот е така поставен што ние кога ќе ја добиеме информацијата дека за некој наш член е уплатен придонесот ние ги распоредуваме на нивната индивидуална сметка без разлика што не сме ги добиле средствата. Но недобивањето на средствата практично значи неможност тие да бидат инвестирани и оплодувани“, изјави Мира Шекутковска од НЛБ Нов Пензиски Фонд.

Шекутковска во емисијата „Економски магазин“ зборува и за потребата од поголема свесност кај граѓаните своите пари да ги инвестираат во третиот пензиски фонд. Појаснува каде и како се инвестираат парите на идните пензионери со кои менаџираат пензиските фондови.