СРБИЈА НИ ДОДЕЛИ ПОМОШ ВО ВАКЦИНИ, ВРЕМЕ Е ДА ИМ СЕ ОДДОЛЖИМЕ ЛЕТОВО: ВЛАДАТА ЌЕ ИМ ДОДЕЛИ 200 ИЛЈАДИ КАРТИЧКИ ЗА ПАТАРИНИ НА СРПСКИТЕ ТУРИСТИ

0
198

Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.

Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172 000 000 денари (околу 2,8 милиони евра) за набавка на 200 000 М- Смарт Кард на сметка на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија.