НИКОЛА ГРУЕВСКИ Е ПАК ПОПОПУЛАРЕН ОД ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

0
707

И во најновата анкета на ИРИ направена во мај оваа година, а објавена денеска (спроведена од „Брима“), поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски, има повеќе поддршка од актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски.

Во анкетата на ИРИ од октомври оваа година изненадувачки на врвот на листата на луѓето на кои се гледа најповолно се најде Груевски. На прашањето во кое се наведени имињата на политичари и се бара од испитаникот да ги оцени поволно или донекаде поволно (или неповолно), Груевски има позитивен скор од 30 поени, додека Мицкоски има 29 поени.

Прв на листата е претседателот Стево Пендаровски со 38 поени, додека премиерот Димитар Ковачевски има скор од 25 поени. По него е лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со 24.

Речиси истите резултати беа и на анкетата на ИРИ во октомври минатата година.

На прашањето за која партија би гласале ако изборите се следната недела, разликата меѓу двете најголеми партии е иста како и во октомври: за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19 отсто, а за СДСМ – 11, додека ДУИ ја зголеми поддршката од 7 на 8 отсто. Популарноста на Левица паднала за два поени од 6 на 4 отсто. Втора партија во албанскиот блок е Алијансата за Албанците со 5 отсто. Неодлучени се 18 отсто, а одбиле да одговорат 5 отсто.