НЕМА РАСКОЛ ВО СДСМ : ГЕНСЕКОТ МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВАРДАРСКИ ВО КУМАНОВО

0
479


Наша цел оди подалеку од политичките победи и се фокусира на нов државен успех, затоа што се работи за европската иднината на земјата и подобар живот на сите наши граѓани. Затоа, нашата цел не е само победа на претседателските и парламентарните избори наредната 2024 година туку и обезбедување членство во ЕУ.

🇪🇺 Станува збор за создавање европска Македонија, напредна, економски просперитетна, каде секој работник ужива правични плати и сигурност на работното место, каде се користат фондовите за раст и развој и каде секој млад човек иднината ја гради дома, во европска држава. Тие процеси се взаемни и се спротивставуваат на концептот за изолација кој го промовира опозицијата.

📍СДСМ продолжува со нови оперативни активности на терен, со граѓаните, членовите, симпатизерите. Редовна регионална средба на генералниот секретар Миле Зечевиќ Вардарски и организацискиот секретар Митко Трајчулевски денеска во Куманово со општинските организации од Северо-источниот регион.