(Видео) Меди Зиглер во уште едно видео на Сиа

0
2234

Тринаесетгодишната Меди Зиглер, која танцува неверојатно се појавува и во најновиот спот на популарната пејачка Сиа, за песната “Cheap Thrills“.

Видеото се фокусира на една сцена во која настапуваат тројца танчери, меѓу кои и Меди. Младата танчерка која јавноста ја запозна преку видеата за песните „Chandelier“, „Elastic Heart“ и „Big Girls Cry“, повторно се најде на сцената со магичен настап за Сиа. Додека пејачката, како и секогаш претходно е скриена во аголот, танчерите го преземаат сценското светло со енергична и магична кореографија.