Вечерва завршува фестивалот „Гола месечина“ 2019

0
2045

Со стендап-комедијата на Никола Тодоровски, вечерва свечено се затвора
шестиот фестивал „Гола месечина“, што почна на 2-ри Септември.

На последната вечер од фестивалот, пред доделувањето на наградите,
премиерно ќе биде прикажан документарен филм за големата актерка Анче
Џамбазова што го сними НУ Театар Комедија, под режисерската палка на
Миле Гроздановски, по сценарио на Гоце Трајковски.

Во филмот се прикажани разни аспекти од животот и кариерата на
Џамбазова.