“НЕКУЛТУРА МЕЃУ КУЛТУРЊАЦИТЕ”

0
701

До скопското јавно обвинителство стигна информација “по допрен глас” за наводен криминал кои го извршиле три лица со иницијали Д.Н. актуелна директорка на еден музеј, А.Ц. архивски советник и Ц.К. архивски советник.

За овие информации не можеме да тврдиме со сигурност дали е направено кривично дело или не па затоа јавно и ги прашуваме надлежните органи.

Имено лицата за не извршени работи од проект за средување на личниот фонд на Лазар Личеноски,против правно наплатиле поголема количина на пари,при што го оштетиле буџетот на државата.

Нашата редакција телефонски побара подетални информации од обвинителство и ГОКК, но од таму ни одговорија дека во интерес на истрагата во овај момент не би можеле да споделат никакви информации.

Да потсетиме дека името на директорката Николова се споменуваше и во скандалот со Порта Македонија, која е под нејзина надлежност, кога една невладина организација постави транспарент со политичка содржина против поранешниот премиер Зоран Заев.

Според одредени информации кои стигнаа до нашата редакција би сакале да поставиме прашање, а тоа е дали директорката ја издава Порта Македонија за дебела пара која никаде не се евидентира!?