Плевнелиев до Иванов: Корупцијата на највисоко ниво треба да биде истражена, а не амнестирана

0
991

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во телефонски разговор со Ѓорге Иванов, изразил загриженост заради политичката криза и растечките тензии во Македонија.

Плевнелиев ја подвлекол бугарската поддршка за истрагите кои ги води специјалното јавно обвинителство како и целосната имплементација на договорот од Пржино.

“Граѓаните очекуваат правда и таа не смее да биде оневозможена. Корупцијата на највисоките нивоа од власта треба да биде истражена, а не амнестирана.” – му пренел Плевнелиев на Иванов, според соопштението на кабинетот на бугарскиот претседател.

Тој се повикал и на политичката криза во Бугарија од минатите години, оценувајќи дека во ситуација кога државата се соочува со тешки ситуација – единственото решение е потпирањето на уставот и заштитата на владеењето на правото во државата.