НЕКА КАЖАТ КОЈ ПЛАН ГО ПОДДРЖАЛЕ ДОСЕГА? ЕДНОСТАВНО, ВМРО-ДПМНЕ НЕ САКА НИШТО ДОБРО ДА МУ СЕ СЛУЧИ ВО КАРПОШ, ВЕЛИ ЈАКИМОВСКИ

0
335

Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против планот во Злокуќани? Имаме ли згради во Злокуќани – праша градоначалникот на Карпош.

Ги повикав сите советници и им предложив секоја советничка група да каже кои два плана се спремни да ги поддржат. Можат ли да кажат зошто не гласаат за планови каде што има само куќи, праша лидерот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, по поставено новинарско прашање за став во однос на противењето на советничките групи да го гласаат деталниот план за „Алумина“.

– Можете ли да ги прашате што воопшто тие поддржуваат? Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против планот во Злокуќани? Имаме ли згради во Злокуќани во тој дел? Кажуваат приказни дека немало градинки, а во урбанистичкиот план предвидена е градинка. Можат ли да објаснат зошто урбанистичкиот план за Жданец и Нерези не го гласаат? Очигледно, дека не сакаат ништо убаво да се случи во општина Карпош. Тие се радуваат да се развива Свети Николе и не упатуваат таму да ги реализираме проектите – рече Јакимовски.

ВМРО-ДПМНЕ претходно соопшти дека го блокира носењето на ДУП за поранешна „Алумина“, „затоа што СДС, ДУИ и Стевчо Јакимовски за личен профит се спремни да го бетонизираат Карпош со згради и до 35 ката, без за тоа да има соодветна инфраструктура која ќе овозможи нормален проток на луѓе и возила“.